Владата потврди – државјанство за семејството Рој од интерес за Македонија?
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за порталот Либертас потврдил дела сопругата на Субрата Рој, Свапна, како што денеска објавија индиските медиуми.
„Врз основа на процедура предвидена во законот и врз основа на Член 11 од Законот за државјанство Владата има одлучено да го прифати барањето на подносителот Свапна Рој за прием во државјанство во РМ“, одговорил Ѓорѓиев за порталот.
Овој член на законот предвидува дека „одредено лице може да се стекне со државјанство надвор од регуларните процедури ако тоа преставува особен научен, економски, културен, спортски или друг национален интерес“.
Ѓорѓиев не прецизира за каков интерес станува збор во случајот на Свапна Рој. Македонски државјанства претходно добија и двата синови на индискиот бизнисмен, кој вети инвестиции во Македонија пред да заврши во индиски затвор.
Слично
