Владата „потпиша“ задолжување од 530 милиони евра
Владата извести дека на денешната седница е усвоен текстот за задолжување преку кредитна линија од 530 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд.
Како што известуваат од Влчадата, станува збор за кредит „за претпазливост и ликвидност“, односно за поддршка на буџетот, кој е во износ од 530 милиони евра.
Пред еден месец мисијата на ММФ даде зелено светло за доделување 530 милиони евра на Македонија преку Кредитната линија за претпазливост (The Precautionary and Liquidity Line – PLL) во рок од 24 месеци.
Слично
