Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата попушти: Наместо 60, операторите добија 150 дена да ги пререгистрираат програмските сервиси

Владата попушти: Наместо 60, операторите добија 150 дена да ги пререгистрираат програмските сервиси

Кабелските опаретаори ќе имаат 150 дена рок да ги пререгистрираат своите програмски сервиси.

Откако утрово Владата извести дека завршил временскиот период за пререгистрација, сега стигна корекцијана соопштението, во кое се вели дека рокот е продолжен на 150 дена. 

„Владата на седницата одржана на 22 јуни донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека временскиот период во кој операторите беа должни да извршат пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, од 60 дена е продолжен на 150 дена. Овој рок е продолжен со цел да ја исполнат обврската и да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери.  Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите“, се вели во соопштението.

Првично во Уредбата што ја објави Владата стоеше дека завршил временскиот период за пререгистрација и операторите треба да ја исполнат својата обврска.

„Владата на седницата одржана на 22 јуни донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека завршил временскиот период во кој операторите беа должни да ја обезбедат потребната документација за пререгистрација на програмските сервиси кои ги реемитуваат, и дека треба да ја исполнат обврската да ја достават соодветно пропишаната документација до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги која треба да ја прибават од странски радиодифузери.  Дополнително, а заради обезбедување на соодветни услови за информирање на јавноста во овој период на прогласена пандемија, со оваа Уредба е определена обврска за задолжително реемитување на програмските сервиси кои се веќе пријавени кај надлежниот регулатор од страна на операторите“, се велеше во претходното соопштение.     

Слично

Поврзани вести