Владата планираше задолжување од 5,5 милиони евра, а од банките зеде 12,5 милиони евра!
Владата на денешната аукција на државни записи и обврзници од домашните кредитори позјами 7 милиони евра повеќе од сумата што ја најави. Планираше 5,5 милиони евра, а од банките зеде 12,5 милиони евра.Ова задолжување ќе се враќа за 15 и за една година. Засега е нејасна намената на овие пари, со оглед на тоа што во следните денови според календарот, не достасуваат долгови за враќање.
Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, вели дека загарижувачки е тоа што на денешната аукција се зголемени каматните стапки на државните запси и обврзници. Според објавените проспекти, каматната стапка на едногодишните државни записи на претходната аукција била 2, 50% а сега е 2,60%. Кај државните обврзници со рок на отплата од 15 години, на претходната аукција каматната стапка била 4%, а денешната е 4,30%.
-Никола Груевски и кога не е премиер му нареди на својот кум Зоран Ставрески, кој пак понизно прифати, да ги задолжи граѓаните за нови 13 милиони евра, пари кои фамилијата ќе ги потроши во обид да се спаси од казната која набрзо им следува. Најстрашното е тоа што министерот за финансии Ставрески го направи најочајниот потег и ги зголеми каматните стапки на државните записи и обврзници, а се во правец на тоа како да ја спасува фамилијата, вели Наумов.
И минатата недела, кога се одржа првата аукција на државни хартии од вредност, Владата планираше да земе 15,5 милиони евра, а се задолжи двојно повеќе или 31 милион евра. Наумов тогаш изјави дека со таа аукција е потрошен 5 % од планираниот буџетски дефицит, а ако продолжи ваквото темпо на задолжување до мај месец ќе се потроши планираниот буџетски дефицит за цела 2016-та година.
Според планот, во првото полугодио од годинава, Владата по основ на доспеани долгови треба да да врати близу 500 милиони евра, за што се закажани уште 22 аукции на државни записи и обврзници. Во календарот се забележува дека во истиот период речиси секој вторник има закажана аукција, а некое од нив не се проследени со раздолжување. Токму домашното задолжување беше причина за сериозен конфликт помеѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и дополнителникот заменик министер за финансии Кире Наумов, што кулминираше и со судски процес. Откако стариот состав на Државната изборна комисија го отрфли барањето на Наумов за ставање вето на домашните задолжувања повисоки од раздолжувањата, тој поднесе тужба до Управен суд за преипитување на одлуката. Засега Управниот суд се уште нема донесено одлука.
Р.Ф
