ВЛАДАТА ПЛАНИРА: Нови еврообврзници и во следните три години
Фискалната стратегија за среднорочен период од три години да ја усвојуваат пратениците во Собранието, а не само да им биде доставувана на разгледување како што е сега, бараат пратенците од СДСМ и токму затоа е поднесен предлог за измена на Законот за буџети.
Во сегашното законско решение е наведено дека:
„Министерството за финансии изготвува Фискална стратегија за среднорочен период од три години со која ги предлага насоките и целите на фискалната политика и ги утврдува износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства за тој период. Фискалната стратегија ја донесува Владата на Република Македонија најдоцна до 31 мај во тековната фискална година.“
Во предлгот на СДСМ што за две недели треба да се најде пред пратениците е наведено дека се бара, фискалната стратегија да биде усвојувана во Собранието, а не да им биде доставувана само на разгледување.
„Бараме да се измени Законот за буџетите, со цел среднорочната фискална стратегија да се усвојува во Собранието најдоцна до 31, мај во тековната година, а не само да биде доставувана на разгледување. На ваков начин, сметаме дека ќе се зајакне контролата на Собранието врз фискалната дисциплина на Владата во делот на прибирање на приходите и трошењето на парите на граѓаните. Пред се со овие законски измени ќе се постигне придвижување до дефицитите предвидени во фискалната стратегија“, вели за Фактор, Марјанчо Николов од СДСМ. Дополнително, СДСМ предлага казни во износ од 750 до 1.500 евра за министерот за финансии, доколку не ја достави на усвојување фискалната страрегија.
ВЛАДАТА ТРЕБА ДА ВРАТИ 1,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ. ПЛАНИРАНИ СЕ НОВИ ЕВРООБРЗНИЦИ
Во следните три години Владата треба да врати долг од 1,1 милијарди евра, стои во фискалната стратегија до 2018 година. За да се врати овој долг, но и за да се покрие дефицитот во буџетот во истиот период, власта планира да се задолжи за 2 милијарди евра.
Фискалната страгетија покажува и дека од вкупно 2 милијарди евра, нешто повеќе од 1 милијарда евра ќе позајми од домашните банки, пензиските фондови и осигурителните компании, а додека останатата сума од околу 950 милиони евра ќе се бара од странските кредитори со издавање на еврообврзници.
Со ова , јавниот долг ќе изнесува 5,6 милијарди евра до 2018 година, односно ќе достигне 52,4% од бруто домашниот производ (БДП).
Во периодот 2016-2018 година предвидено е етапно намалување на буџетскиот дефицит и тоа: 2016 година- 3,2% од БДП; 2017 година- 2,9% од БДП и 2018 година- 2,6% од БДП.
„Финансирањето на планираниот дефицит ќе се обезбедува од странски извори (поволни кредити од меѓународни финансиски институции, кредитни линии наменети за финансирање одделни проекти, еврообврзници и друг вид на странско задолжување) и домашни извори (емисии на државни хартии од вредност). Странското задолжување како извор на финансирање ќе се користи и од страна на буџетските корисници за реализација на конкретни проекти“, е наведено во фискалната страгија 2016-2018.

| Дефицит и извори на финансирање | 2016 | 2017 | 2018 |
| Буџетски биланс | -18.984 | -17.827 | -16.993 |
| Финансирање на дефицит | 18.984 | 17.827 | 16.993 |
| Приливи | 40.546 | 39.557 | 43.675 |
| Странски извори | 22.861 | 18.100 | 17.578 |
| Домашни извори | 18.894 | 21.422 | 25.249 |
| Депозити | -1.209 | 35 | 848 |
| Одливи | 21.562 | 21.730 | 26.682 |
| Отплата по странско задолжување | 12.381 | 9.155 | 10.340 |
| Отплата по домашно задолжување | 9.181 | 12.575 | 16.342 |
Слично