Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата отворена за градење на квалитетен систем на високо образование

Владата отворена за градење на квалитетен систем на високо образование

Денеска од страна на Владата беше свикана вонредна средба на која присуствуваа претставници на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во чија што делегација беа и претставници на Професорскиот и на Студентскиот пленум, и претставници на Владата предводени од премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Владата преку соопштение до јавноста информира дека двете страни изразиле подготвеност за одложување на примената на последните измени на Законот за високото образование за една година, меѓу кои што и одложување на спроведувањето на државниот испит за една година и за спроведувањето на обврската за објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор за две години.

Во меѓувреме, било договорено во периодот што следи да продолжи дискусијата на ниво на работни групи од двете страни во насока на подобрување на пакетот закони за реформи во високото образование, односно носење на нов закон за високо образование, соопштуваат од Владата.

Од Владата велат дека изразуваат  отвореност и подготвеност низ еден поширок транспарентен и инклузивен процес заедно со релевантните чинители заеднички да се работи на градење на квалитетен систем на високо образование.

Исто така Владата покажува благодарност за конструктивниот пристап на универзитетите, односно професорите и студентите и за нивниот досегашен и иден придонес во унапредување на стандардите и квалитетот во високото образование.

Оваа неочекувана одлука од страна на Владата многумина ја дочекаа изненадени, од фактот што пред некое време истата таа влада не ги вклучуваше студентите во дијалогот . Што ли влијаело на вакво менување во односот на Владата , дали можеби последните случување во земјава останува нејасно.

Слично

Поврзани вести