Владата одзеде уште 6 лиценци за одгледување на канабис
Портпаролот на Владата, Марија Митева денеска информираше дека на седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис.
„Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија. Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци“, истакна Митева.
Министерството за здравство формираше комисија по заплените на 40 тони марихуана во земјава од повеќе фирми што се случи по откривањето на пет тони марихуана во Србија за кои тамошните власти излегоа со сознанија дека канабисот потекнува од Македонија.
