Владата одлучува за иднината на „Јегуновце“, еколозите не прифаќаат продолжување на рокот
Владината седница на која треба да се одлучи дали комбинатот „Југохром“ од Јегуновце ќе добие клуч на врата заради неисполнување на законските еколошки стандарди и необезбедување на интегрирана еколошка дозвола, се уште е во тек.
Фабриката вчера побара двегодишно одлагање на рокот, но неизвесно е дали ќе го добие или ќе мора да престане со работа. „Југохром“ не е ниту во почетна фаза на имплементирање на законските обврски.
Во меѓувреме, еколозите не прифаќаат никакво ново продолжување на рокот. Тетовските еколошки здруженија, револтирани од алармантната загаденост на воздухот, најавуваат блокади на патиштата и протести пред Владата доколку на комбинатот повторно му се прогледа „низ прсти“ и му се дозволи да продолжи да работи.
„Не треба да се манипулира јавноста, ниту вработените кои се таму 1.450 лица на број дека наводно под притисок на јавноста ќе останете без леб. Во овој случај треба да се почитува законот. Југохром имаше време од 2004 година, време од 10 години да ги постави филтрите“, вели за Алсат-М Џелал Незири, член на одборот за протести.
Штетните честички ПМ-10 во Тетовско денеска се четири пати повисоки од дозволениот максимум.
Слично
