Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ОДЛУЧУВА: Кој и како ќе го исплаќа породилното – на маса три модели!

ВЛАДАТА ОДЛУЧУВА: Кој и како ќе го исплаќа породилното – на маса три модели!
Ненавремената достава на потребните документи од страна на фирите до Фондот за здравствено осигурување учествува со 30% во причините за доцнење на исплата на надоместоците за породилното отсуство и боледувањата. Анализата на ФЗОМ покажала дека исто така со околу 30% учествува некомплетната документација што ја доставуваат фирмите а една третина отпаѓа на така наречените “103“ - грешки, односно несовпаѓање на пресметките на фирмите и фондот. Овие анализи на фодот биле причина зошто Владата посегна по измена на сегашниот модел за исплата на породилните надоместоци и надоместоците за боледување. Пред Владата се три модели кои меѓусебно се значајно различни и кои според бизнисмените би имале и различни последици за приватниот сектор. Што предвидуваат новите модели... Првиот модел предвидува фирмите да ги исплаќаат надоместоците за породилното отсуство и за боледувањето во ист ден кога се исплаќаат и платите на вработените. Овој модел веќе бил образложен пред стопанските комори и Конфедерацијата на работодавачи. Биле испорачани две клучни забешки, прво во кои рокови државата ќе ги врати парите на фирмите и второ како ќе се гарантира невремената исплата. Според информациите, во овој прв модел е предолжен рок за враќаање на парите од 15 дена а потоа државата, доколку доцни со исплатат, да плаќа и камата. Фирмите побарале овие решенија да бидат регулирани и утврдени со закон. Вториот модел за исплата на надоместоците за породилното отсуство и за боледувањето го стеснува опсегот на компаниите. Така, според предложеното решение, во овој случај се исклучуваат малите фирми кои имаат од еден до пет вработени, односно ќе бидат вклучени фирмите со повеќе од шест вработени. Дополнително, компаниите нема да имаат обврска да го исплаќаат надоместокот за породилното отсуство, туку само за боледувањата. Третиот модел предвидува серија на законски измени со кои ќе треба да се зголеми и забрза ефикасноста на исплатата на надоместоците, кој ќе остане обврска за Фонодот за здравствено осигурување, а не за фирмите. Така, третиот модел предвидува засилена електронска комуникација на реалција Фонд, осигуреник, фирма. Се предвидуваат серија на законски измени кои треба да ги отстранат дел од сегашните проблематични точки во сиситемот, а со кои се соочуваат фонодт, фирмите и осигурениците. Имено, прво се предвидува техничко-административни олеснувања во прцесот на доставување на барањата, кои ќе можат да се испраќаат и електронски. Овој модел ќе значи и промена и реорганизација на сегментете од ФЗО надлежни за прием на документи. Потоа се предвидува намалување на бројот на потребни документи, од сегашните три, на еден документ. Една од клучните законски зимени ќе се однесува и фирмите за кои законски ќе се утврдат рокови во кои ќе мора да ги доставуваат барањата за породилното отсуство и за боледувањето, во спротивно, ќе се предвидат казни за непочитување на роковите. Реакции на бизнисмените и граѓанските организации... Ако Владата го реализира проеkтот со кој фирмите ќе мора, заедно со платата да ги исплаќаат породилните надоместоци и оние за боледување, ова ќе значи 100% зголемување на трошоците на една фирма доколку има вработена што е на породилно отсуство или вработен на боледување. Трошокот дефинитивно ќе се зголеми, а тоа не е за занемарување, особено за помалите бизниси. Ова беа првичните реакции на дел од бизнисмените во однос на првиот модел. “Како таква таа ќе има само краткорочни ефекти, бидејки ќе овозможи кредитирање на обврските на државата спрема родилките, што и е основната цел, но од друга страна ги зголемува обврските на фирмите, бидеки за 100% ќе им се зголемат моменталните трошоци за ист вработен, со тоа што ќе треба да му ја обезбеди истата плата иако е на породилно, а  од друга страна и за краткорочната замена, односно ангажирање на дополнително лице за реализирање на работните активности ќе мора да обезбеди дополнителна плата. Секакво зголемување на трошоците  за компаниите е катастрофален во период на неликвидност“- изјави за “Фактор“ стопанственикот Арбен Халили. Според бизнисмените, нејасно е како државата ќе ги надокнади овие средства. Стравуваат од можна задоцнета исплата. “Би било идеално да се размислува дека државата ќе ги исполнува ови трошоци навреме а не  да се очекува.  Ако државата би била способна да ги враќа навремено овие трошоци, тогаш со сигурност и не би имало воопшто потребно за ова законсо решение. “ – вели Халили. Против решението се изјаснија и невладините организации за заштита на човековите права, бидејќи според нив, ваквото решение води кон дискриминација кон младите жени кои допрва треба да создаваат семејства. “Од една страна, може да се постави прашањето, дали постапката за рефундирање на средствата на работодавачот, ќе се обремени дополнително? Ако досегашната пракса покажува дека исплатата за породилното отсуство доцни 2 до 3 месеци, која е веројатноста дека ова нема да биде случај и во постапката на повраток на средствата. И, ако е веројатноста мала, тогаш која е оправданоста за сегашното доцнење? Истовремено, во периодот на плаќање на породилното отсуство на една работничка, работодавецот треба да плаќа и друг работник (на определено време, до враќање на работничката), со што се изложува на дополнителни трошоци за едно работно место”-изјави д-р Биљана Страмшак Ѓуровска, претседател на  Ресурсниот  центар за самохрани родители “МИНУС И ПЛУС”. Загриженост околу идејата за новата законска мерка со која Владата плананира да го промени сегашниот начин на исплата на породилниот надоместок изразуваат и од Женската  граѓанска иницијатива “АНТИКО”. “Ние  сметаме дека оваа мерка ќе ја влоши и така нееднаквата положба и постоечкиот јаз помеѓу жените и мажите  во пазарот  на трудот, и ќе создаде  можност за дополнителна дискриминација на жените во ова поле.Под знак на прашање е  колку фирмите ќе сакаат да вработаат млади жени кои планираат  да имаат деца. По наше милење ова одлука е штетна и во спротивност со прокламираните мерки  на Владата за многудетни семејства, а и со препораките од Конвенцијата за заштита на мајчинството  и  Препораката за заштита на мајчинството”-велат од Антико. Доколку се прифати првиот или вториот модел за исплата на породилниот надоместок и надоместокот за боледување, законот ќе стапи на сила во 2016 та година. Доколку пак се прифати третиот предлог тој ќе стапи на сила во текот на 2015 та година.
Слично

Поврзани вести