Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата одлучи – По 1.400 евра отпремнина ќе добијат вработените од ОХИС

Владата одлучи – По 1.400 евра отпремнина ќе добијат вработените од ОХИС
Владата обезбеди средства за отпремнини и социјален пакет за вработените од ОХИС, со што, како што истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во целост се прифатени барањата на Синдикатот. Обезбедени се 65 милиони денари за отпремнини кои во следните седум до 10 дена ќе бидат трансферирани од Владата во ОХИС, како и дополнителни 43 милиони денари за надоместокот кој вработените ќе го добиваат преку Агенцијата за вработување. Според претседателот на СМЕР Пеце Ристовски, ова решение има бенефит за вработените по три основи – ќе добијат средства со кои ќе може да ги подмират долговите, ќе добиваат паричен надоместок од Агенцијата за вработување и ќе бидат здравствено осигурани.  
Слично

Поврзани вести