Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата од придонеси собрала 38 милиони евра повеќе од лани

Владата од придонеси собрала 38 милиони евра повеќе од лани

До јули оваа година, приходите на Владата од социјалните придонеси се зголемиле за 38 милиони евра во споредба со истиот период лани. Ова го покажуваат најновите податоци на Министерството за финансии.

За седум месеци, наплатени се придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување од 443,2 милиони евра.

Во овој период и хонорарците имаа обврска да плаќаат придонеси на сите приходи остварени преку договор на дело или авторски договор.

Тогаш, овој закон предизвика големо незадоволство во јавноста по што следуваа и низа протести. На крајот, Владата го укина законот со образложение дека други мерки ги исцрпиле очекуваните ефекти.

Слично

Поврзани вести