Владата објавува повик за петтиот циклус „Учиме за бизнис заедницата“
Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен јавен повик за петтиот циклус на проектот „Учиме од бизнис заедницата“ кој ќе биде отворен до крајот на декември годинава.
Според надлежните овој проект влијаел позитивно за подобрување на соработката помеѓу Владата и приватните компании.
Вицепремиерот Пешевски ги повика м сите компании независно во кој град се лоцирани да се пријават на јавниот повик и да придонесат секоја на свој начин за подобрувањето на бизнис климата.
Образецот за пријавување на компаниите ќе биде достапен на веб-страницата на Владата, како и на веб-страницата на вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори.
Слично
