Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата обезбеди 10,2 милиони евра повеќе од планираното

Владата обезбеди 10,2 милиони евра повеќе од планираното

Владата обезбеди 10,2 милиони евра повеќе отколку што претходно планираше да собере на домашен терен, преку денешното ново задолжување. Преку пет поединечни аукции на хартии од вредност , државата собра 34,6 милиони евра.

Според претходно објавените проспекти, оваа сума требаше да изнесува 24,3 милиони евра, со што по денешните аукции се обезбедија дополнителни 10 милиони евра. И покрај тоа што Народната Банка и Владата неколкукратно ги намалија каматите и благајничките записи, интересот од страна на банките за чување на слободни пари не забави.

Според последните податоци на Министерството за финансии заклучно со април, Владата по основ на хартии од вредност должи 927 милиони евра, што во однос на декември 2012 година претставува зголемиување од 120 милиони евра.

Долгот на Владата само по основ на издадени хартии од вредост на домашен терен зафаќа 34 проценти од јавниот долг на централната влада, кој изнесува 2,7 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести