Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата нема да се повлече од контролните механизми во образованието

Владата нема да се повлече од контролните механизми во образованието

За министерот Адеми неприфатлива е состојбата во која се моментално студентите кои прогласија Автономна зона и изминативе две ноќи ги поминаа на факултетите.

Министерот напоменува дека е договорена првата средба со  ректорот на УКИМ да биде во понеделник, а работните групи ќе работат интензивно на концептот и текстот на законот во целина

„И понатаму стоиме на ставот дека мора нешто да се преземе во високото образование. Тоа е заедничка констатација и од состаноците што ги имавме со претставниците на универзитетите. Нема да се повлечеме од појаки критериуми за професорите, нема да се повлечеме од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите. Дали тоа ќе биде државен испит, дали ќе биде некоја друга форма, меѓутоа мора да има правни механизми кои ќе ги проверуваат знаењата на студентите, изјави Адеми по конференцијата на УСАИД за е-пристапно образование“ , потенцира министерот Адеми.

Тој вели дека сака да ги слушнат сите и да ги вклучат универзитетите и студентите во креирање на политиките, но и во усогласување на конечниот текст на законот за високо образование, додаде Адеми.

„Секако, студентите имаат право да протестираат во различни форми, но во демократијата секогаш е дозволено да се реагира до моментот кога не се загрозуваат правата на некој друг. Во моментов, мислам дека се загрозуваат правата на други студенти кои не се дел од групата која протестира, затоа што тие сакаат да следат настава. Има реакции и од студенти и од родители. Од друга страна, целиот Универзитет е автономна зона, не може да биде само една училница или еден факултет, рече министерот за образование и наука.

Слично

Поврзани вести