Владата не сака да откриe детали од процесот за решавање на спoрот со името
Со оглед на фактот дека грчката страна се уште се нема произнесено по идеите на медијаторот Метју Нимиц, а имајќи ја во предвид негативната кампања што се јави во Грција непосредно по презентацијата на неговите последни идеи, цениме дека нема потреба од јавна дискусија по истите. Вака македонската Влада денеска го одби предлогот на СДСМ со кој се бара премиерот Никола Груевски, итно да ги информира сите релевантни политички партии за преговорите за спорот со името, за деталите од предлогот на медијаторот Метју Нимиц како и да го соошти ставот на државниот врв.
Овој повик опозицијата го упати откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера во Софија соопшти дека на преговарачката маса е предлогот „Горна Македонија“.
„Доколку има позитивен одговор од грчка страна, Владата ќе ја информира целата јавност како и сите општествени фактори за идеите и ќе се обиде низ еден консензус да продолжи дискусијата за предлогот. Cо цел да не се наруши процесот и да не се влијае на преговорите, нема да коментираме или шпекулираме со детали и аспекти од овој процес“ - се вели во владиното соопштение.
Ахмети во Бугарија изјави и дека сега е моментот Атина и Скопје да ги приближат ставовите, но и дека преговорите треба да се издигнат на повисоко ниво, односно преговарачките тимови да ги предводат премиерите на Грција и на Македонија. Ист ваков предлог содржи и писмото кое премиерот Груевски му го испрати на грчкиот премиер Самарас пред една недела.
Слично
