Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата не попушта, придонеси за хонорарците ќе се плаќаат од јануари

Владата не попушта, придонеси за хонорарците ќе се плаќаат од јануари
И покрај барањата на поголем број синдикални организации и движења на граѓани за одложување на законските измени со кои се предвидува плаќање придонеси за хонорарите од први јануари идната година, владата не попушта и цврсто стои на одлуката за нивна примена тврдејќи дека ваквото законското решение е добро и ќе има позитивни ефекти. Според синдикалните организации и движења на граѓани кои доставијале и писмено барање за средба со надлежните, плаќањето на придонеси ќе ги охрабри газдите наместо да ги пријават работниците како редовно вработени, нив да ги водат како хонорарци, а на оние кои пак досега работеле како хонорарци или под авторски договор да им ги намалат примањата под границата на минималната плата. Од Владата тврдат дека ваквите измени биле направени со цел да се спречат досегашните злоупотреби и истите се базираат врз искуствата добиени од Европската Унија. „Законските измени се резултат на преземање на добрите искуства кои постојат во најголем дел од европските држави кои соодветно таму се применуваат. Законот е донесен и стапува на сила кога тоа е предвидено, на почетокот на наредната година“ - вели портпаролот на Владата Александар Ѓоргиев. Со законските измени, кои стапуваат на сила од први јануари, за секој исплатен хонорар во висина над 9.590 денари, наместо само 10% персонален данок, ќе се плаќаат и придонеси за социјално, здравствено и пензиско осигурување кои изнесуваат 27% од примањата. Работниците пак кои земат хонорари од повеќе места, а крајниот збир е поголем од минималната плата, ќе имаат обврска самите да си ги платат давачките. Притоа придонесот за пензиско осигурување, наместо во двата задолжителни пензиски фонда ќе се слева само во државниот фонд. Лани, во земјава, над 100 илјади граѓани работеле како хонорарци, а 27 илјади луѓе со авторски договори.

Од Синдикалната повелба бараат да се одложи плаќање придонеси за хонорарите, во спротивно најавуваат протести!

Слично

Поврзани вести