Владата не отстапува од покачување на минималецот, бизнисот против
Иако бизнисот не го дели истото мислење, Владата не отстапува. Покачување на минималната плата ќе има ама не се знае колку и кога.
Се прават анализи и консултации а според зборовите на Заев се внимава и да не им се наштети на компаниите.
Против ново покачување на минималецот е текстилниот сектор.
Од текстилната индустрија посочуваат дека ново зголемување на минималната плата ќе значи удар за нив бидејќи велат не се опоравиле од претходнот удар.
Оние кои едвај чекаат покачување на платите пак се токму работниците во текстилството. Тие имаат најниски плати. И покрај законот кој вели дека 12 илјади треба да изнесува минималецот, многумина ги злоупотребуваат работниците и бараат дел од парите да им вратат на сопствениците.
