Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата намалува и за 50 отсто одредени царини што ги бараа странските инвеститори

Владата намалува и за 50 отсто одредени царини што ги бараа странските инвеститори

Владата, на барање на странските инвеститори, ги преполовува царинските стапки на одредени компоненти што се потребни за нивното производство.

Ова следува откако странските компании долг период бараа намалување на царинските стапки на репроматеријалите и одредени компоненти во нивните производи, со оглоед што тие бие од времето на социјализмот и многу повисоки од европските земји, и го оптоварувале нивното производство. 

„По обемни претходни консултации со Советот на странските инвеститори во нашата земја, владата усвои одлука увозните давачки - царинските стапки  за одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко напредни производи во 2020 година, да се намалат за 50 отсто со цел да  се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошки напредни производи. Со оваа одлука висината на овие царински давачки ќе се приближи кон царинските стапки што се применуваат во Европската унија,  што значи ќе се овозможи да се подобри конкурентноста на домашните компании и  поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори“, соопштија од Владата по вчерашната седница. 

Слично

Поврзани вести