Владата најавува нова бенефиција – бесплатен викенд за пензионери
Бесплатен туристички викенд за пензионери од 2015 година, ветува министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Мерката е предвидена и во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.
Бесплатниот викенд ќе може да се искористи во одморалиштата и хотелските комплекси кои се наоѓаат на планините и крајбрежјето на езерата во Македонија како на пр. Во Охрид, Дојран, Струга, Преспа, Берово и Крушево. Во овој проект влегува платен превоз, ноќевање и 2 полни пансиони.
„Оваа услуга ќе може да ја користат лица - корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, а лицата корисници на пензија кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице имаат право на придружник. Предност ќе имаат корисниците на пониска пензија. Секоја година оваа услуга ќе може да ја користат до 3.000 корисници на пензија во пролетниот и есенскиот период, односно 12.000 пензионери за 4 години. Рокпт за резлиација ќе биде од 2015 до 2018 година“, изјави Спасов.
Бесплатниот превоз за пензионерите во градскиот јавен сообраќај во Скопје покрајво во вторник, петок и сабота, ќе биде овозможен и во недела. Во меѓувреме, ќе продолжи реализацијата на проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија“, и во наредните четири години.
Слично
