Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата најави зголемени стипендии за 10 одсто

Владата најави зголемени стипендии за 10 одсто

Премиерот најави зголемување на  студентските и ученичките стипендии за 10 одсто на денешниот собир во Тетово .

Истакна дека за 10 отсто ќе бидат зголемени ученичките стипендии за најталентирани ученици, талентирани спортисти, деца без родители,  деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, од угостителско-туристичка струка и ученици кои се деца на бранители, како и студентските стипендии за студенти со висок успех на студиски програми по информатика, студенти од социјални категории, студенти со висок успех, студенти од природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки и студенти кои се деца на бранители.

На собирот пред насобраните граѓани тој потенцираше дека инвестираат многу во образованието, во образовната инфраструктура како ниту една друга Влада досега.

- Со над 2 милиони евра реконструиравме и 36 училишта во овој регион. За оваа година во Тетово планираме реконструкција на уште 3 училишта, и реконструкција на училиштето во Вратница за околу половина милион евра. Инвестираме и во спортот. Со околу 1 милион евра изградивме фудбалски игралишта во Тетово, Гостивар и Теарце и повеќенаменски игралишта во Гостивар и во Јегуновце, додаде премиерот и лидер на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.

Слично

Поврзани вести