Владата најави 2%, Светска банка децидна: само 1% раст на македонската економија
И покрај тоа што проекцијата за раст на БДП во Република Македонија за 2013 година изнесува 2%, според последниот извештај на Светска банка, економскиот раст нема да биде поголем од 1%.
Инаку СБ ја ревидираше проекцијата од 2 % на 1 % пред еден месец како резултат на зголемените ризици за намалување на извозот поради европската криза и одложувањето на дел од најавените странски инвестиции.
Според најновиот извештај за перспективите на светската економија, во текот на 2013 година најголем раст ќе оствари Косово од 3,3%, Србија од 2%, Албанија 1,6%, Црна Гора 0,8% и Босна и Херцеговина 0,5%.
Слично
