Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА НА СРБИЈА УТВРДИ МАКСИМАЛНАТА ЦЕНА НА МЛЕКОТО, а ограничена е и трговската маржа

ВЛАДАТА НА СРБИЈА УТВРДИ МАКСИМАЛНАТА ЦЕНА НА МЛЕКОТО, а ограничена е и трговската маржа

Владата на Србија на седницата ја пропиша максималната малопродажна цена на млекото од 128,99 динари, или околу 67 денари.

Владата на Србија на седницата штотуку ја измени Регулативата со која пропиша нова максимална малопродажна цена на млекото. Млекото УХТ со 2,8 отсто млечна маст од денеска ќе чини 128,99 динари. Претходно, литар беше ограничен на 119,99 динари.

Владата го промени и профитот или маржата на производителот - максималната трговска маржа за сите видови млеко е намалена од 12 на 5 проценти, пишува „Мондо.рс“.

Исто така на седницата била донесена одлука за забрана за извоз на сурово и пастеризирано млеко, но тоа не ги вклучува Македонија и Албанија. 

Целта на одлуката за забрана за извоз, е со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одлив на суровини надвор од границите на државата.

Слично

Поврзани вести