Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на Србија со уредба ја ограничи цената на лебот

Владата на Србија со уредба ја ограничи цената на лебот


Владата на Србија донесе уредба за задолжителни количини и ограничената цена од 46 динари за леб од типот Сава што ќе важи додека не се стабилизира состојбата околу цената на пченицата, изјави денеска државниот секретар во Министерството за трговија. Урош Кандиќ.

Тој рече дека со донесувањето на Уредбата, Владата на Србија гарантирала и ценовна стабилност и стабилна понуда на пазарот.

Посочи дека преку Сојузот на пекари ќе се интервенира и кај брашно со поповолни цени од 30 динари за килограм.

Кандиќ нагласи дека Србија има доволни количества пченица од околу 3,5 милиони тони, а за домашни потреби годишно се потребни 1,7 милиони тони, а резервите од минатата година се околу 300.000 тони.

Тој посочи дека по жетвата на пченицата на јужната хемисфера на Земјата се очекува стабилизирање на цените на пченицата на светскиот и домашниот пазар и посочи дека стоковите резерви на републиката имаат доволно залихи и дека граѓаните можат да бидат спокојни,.

„На пекарите им дадовме поевтино брашно и тоа може да го прави се додека не се стабилизира состојбата на светскиот пазар на жито. Во стоковите резерви имаме количини со кои можеме да ја контролираме цената на лебот во наредниот период, рече тој.

Слично

Поврзани вести