Владата на Србија долгот на „Симпо“ ќе го претвори во државна сопственот
Наредните денови Владата на Србија би требала да го усвои заклучокот со кој долгот на компанијата „Симпо“ од околу шест милијарди динари за даноци и придонеси, ќе го претвори во државна сопственост, објави „Блиц“.
Државата и досега беше најголем поединец-сопственик на оваа фирма со околу 29 проценти, но останатите акции беа во сопственост на мали акциоери и приватни ивеститори. Вредноста на акциите на берза на “Симпо“ не поминуваат над 11 милиони динари.
Владата одлучила да и овозможи на команијата да продолжи да работи, односно со 4.500 вработени и понатаму да остане еден од најголемите работодавци на југот на Србија.
Слично
