Владата на муабет кај бизнисмените – проект за подобрување на економијата
Преку директни посети и средби со претставници од приватните компании, Владата ќе цел се запознава со проблемите со кои се соочуваат бизнисмените. Денеска излезе и оглас за компаниите кои би сакале да се вклучат во проектот насловен „Учиме од бизнис заедницата“. пријавувањето трае од 5-ти октомври, а владините претставници ќе посетат најмалку 150 компании, или повеќе ако за муабет се пријават голем број бизнисмени.
Како што информираше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, проектот за директна комуникација меѓу Владата и бизнис заедницата ќе овозможи полесно да се идентификуваат проблемите и детално да се анализираат. За тие за кои има можност, Владата ќе дефинира системски мерки за нивно надминување, истакна Пешевски.
Тој додаде дека ова е четврт ваков циклус, а ефектот од првите два циклуса бил голем, односно повеќе од половина од барањата на бизнис заедницата биле реализирани.
„Главниот бенефит од проектот се препознава токму што голем дел од иницијативите и предлозите на бизнис заедницата допринесуваат во креирањето на економските политики на бизнис заедницата. Искуствата покажуваат дека токму врз барањата на бизнис заедницата, донесени се нови стратегии, имплементирани се низа проекти и направени се измени во голем број на закони“, истакна Пешевски.
Во изминатите три циклуси биле посетени над 400 компании од 34 градови во државата, а компаниите дале околу 600 иницијативи. Најзаинтересирани за ваквите разговори биле компании од областа на производството, главно од металуршката, метало-преработувачката, градежната, хемиската и текстилната индустрија, како од услужниот сектор.
Во однос пак на очекувањата за економските движења во земјава идниот период, вицепремиерот изјави дека е потребна внимателност со проценките бидејќи закрепнувањето и стабилизацијата во Европската унија се уште не е на цврсти нозе.
Слично
