Владата на Хрватска ја продава Кроација Осигурување – Живот
Владата на Хрватска денеска одлучи да ги продаде акциите во државна сопственост во Кроација осигурување - Живот и Хрватската поштенска банка.
Тендерите треба да бидат распишани овој месец ,а целата постапка треба да заврши до октомври.
Државата сега во Кроација Осигурување - Живот има 82,48 проценти од акциите, проценети на околу 59 милиони евра.
Според најавите на министерот за финансии, Славко Линиќ ќе се продава 50 проценти од уделот во капиталот и соодветна докапитализација преку нова емисија на акции.
По завршувањето на процесот Хрватска треба да остане со најмногу 30 отсто, односно најмалку 25 отсто плус една акција во Кроација осигурување, објави „Лидер“.
Компанијата е присутна во Македонија и го поседува мнозинскиот пакет на акции со 95% во вкупниот број на акции во Кроација Осигурување – Живот АД Скопје.
