Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата на Германија и популарните „Зелени“ го потсетија Мицотакис за Преспанскиот договор

Владата на Германија и популарните „Зелени“ го потсетија Мицотакис за Преспанскиот договор

Гласноговорникот на германската Влада,  Штефан Зајберт, на прес-конференција во Берлинја пренесе честитката од канцеларката Ангела Меркел до новиот грчки премиер Киријакос Мицотакис и ја потсети мовата грчка влада на Нова Демократија дека Преспанскиот договор е историско постигнување што треба да се почитува.

– Канцеларот Ангела Меркел тоа го објасни повеќепати. Ова е достигнување што овозможи нормализација на односите меѓу Северна Македонија и Грција, и искрено се надеваме дека новата грчка влада конструктивно ќе учествува во овој позитивен процес, истакна Зајберт.

И германските „Зелени“ кои се повеќе се популарни како втори зад стагнирачката коалиција ЦДУ/ЦСУ на европските избори во Германија побараа почитување на Преспанскиот договор.. Портпаролот и пратеник во Бундестагот Мануел Сарацин изјави дека очекува од Грција, според спогодбата од Преспа, и натаму да ја поддржува Северна Македонија и да не го ризикува договорот.ч

– Спорот за името меѓу двете земји е решен и мора да остане така. Затоа, сите европски влади наесен треба да одобрат почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Се друго ќе биде неодговорно и недостојно за ЕУ и нејзините членки, вели Сарацин.


Слично

Поврзани вести