Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата му бара 36 милиони евра на Макпетрол, гасификацијата тапка во место?!

Владата му бара 36 милиони евра на Макпетрол, гасификацијата тапка во место?!
Државата Македонија бара речиси 36 милиони евра од Макпетрол. Раководството на друштвото редовно ги анализира можните ризици од загуби по основ на тековните судски спорови, давајќи притоа посебна важност на тужбата поднесена од Владата на Република Македонија и ЈП "Гама"", стои во финансискиот извештај на "Макпетрол". „На датумот на овие финансиски извештаи, не се евидентирани било какви резервирања од потенцијални загуби по основ на судски спорови. Раководството на друштвото, редовно ги анализира можните ризици од загуби по основ на тековните судски спорови, давајќи при тоа посебна важност на тужбата поднесена од Владата на Република Македонија и ЈП Гама… Иако резултатот од оваа проблематика не може секогаш со сигурност да се утврди, раководството на Друштвото верува дека истите нема да резултираат во материјално значајни обврски“, стои во ревидираниот финансиски извештај на компанијата. Во Компанијата за пренос на природен гас Гама по 50 отсто имаат удел државата и Макпетрол. Спорот меѓу државата и нафтената компанија е стар повеќе од една деценија и се уште нема разрешница. Гасификацијата многу одамна декларативно е приоритет во многу енергетски планови на сите досегашни влади. Но, една од кочниците за реализација на овој проект е токму долгогодишниот судски спор меѓу државата и „Макпетрол“ околу сопственоста на гасоводот. Фирмите со години спореа за тоа кој колку вложил во гасоводот, и аналогно,  колкав процент му припаѓа на Макпетрол, а колку на државата. И двете страни повеќе пати тврдеа дека поседуваат над 51 % од акциите.
Слично

Поврзани вести