Владата контра СДСМ – се бориме за секое новоотворено работно место
Владата не исплатила ниту денар за неотворени фабрики, потенцира владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во реакција на пресконференцијата на Лидија Димова од СДСМ. Димова денеска повторно ја обвини Владата дека не дава одговор зошто на странска фирма исплатила три милиони евра за фабрики што не се изградени.
Димова, претседателка на Совет за ЕУ интеграции од СДСМ истакна дека согласно Законот за технолошко - индустриски развојни зони Владата морала да го раскине договорот со СМР Аутомотиве Системс ако станало јасно дека фабриките не се градат.
„До вчера, на службениот сајт на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, компанијата СМР била посочена како корисник во зоната“, додаде Димова.
Обвинувањето на Лидија Димова дека наводно сме исплатиле три милиони евра кон една странска компанија е неосновано, груба дезинформација и ноторна лага, изјави попладнево владиниот портпарол Ѓорѓиев.
„Бидејќи Димова нема искуство во оваа област, не може да разбере дека ние посветено се бориме за секое новоотворено место, за секоја странска инвестиција, какви што досега има 20 и 20 останати се очекуваат да дојдат во оваа година. Досега преку странските инвестиции се отворени шест и пол илјади работни места и се очекува во 2014 преку нив да бидат отворени уште 10.000 работни места”, одговори Ѓорѓиев.
Слично
