Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе ви исплати „богатство“ ако знаете како да продадете три државни капацитети

Владата ќе ви исплати „богатство“ ако знаете како да продадете три државни капацитети

Владата бара консултанти за да ги продаде трите капацитет - фабриката за шински возила „Велес“, позната како „Колска“, прилепски „Еурокомпозит“ и ски-центарот „Попова Шапка“, кои се во државна сопственост.

Оваа услуга ќе ја чини државата 244 илјади евра, а услов за доделување на договорот за консултантски услуги ќе биде најповолната економска понуда, при што цената ќе учествувала со 60 бодови, а квалитетот со 40.

Од Владата велат дека фирмата која ќе го добие тендерот треба да понуди три модели за продажба на овие компании, а Владата ќе одберела еден. Консултантите ќе треба да ги утврдат сопственичките удели во фирмите, долговите, кредитите, како и загубите. Дополнително ќе треба да се увидат и тековните судски спорови кои се водат против овие три фирми како и спорови со државни институции и органи на власта.



Слично

Поврзани вести