Владата ќе штеди преку нов концепт за е-седници
Поефикасно и побрзо преку нов мултиплатформски систем ќе се обработуваат материјалите за владините седници, со што ќе се зголеми транспаретноста и ќе се намалат трошоците, најавија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и министерот за информатичко општество и амдинистрација Иво Ивановски.
Нов концепт за е-седници на Владата нуди системот, а истиот треба да работи на сите оперативни системи и на различни уреди: паметни телефони, таблети, персонални компнјутери, лап-топи... Решението го изработи домашната компанија „Некстсенс“, која треба да го имплементира во рок од шест месеци. За што се одвоени 20.750.000 денари.
Според Пешевски веќе нема да мора да има само компјутер пред секој член на Владата. Секој што ќе ги има овие овластувања ќе може со кој било од уредите, таблети, компјутер, телефони да доаѓа и да ги има сите материјали од седницата на Влада кај себе. Дури и да не е присутен ќе може да ги има истите материјали како да е на седницата.
Ивановски пак смета дека ќе се надмине најголемиот предизвик со кој се соочувале во изминатиот период при верзирањето на текстовите.
- Побаравме од понудувачот, Некстсенс да се направи верзирање на самиот текст, но тоа да биде автопатски, односно да нема можност членовите кои работат на текстовите да ја деселектираат таа опција за да може постојано да се гледаат измените на текстовите, рече Ивановски и додаде дека со системот измените ќе бидат видливи автоматски.
Дополнителната вредност на системот е што ќе може да се вклучат експерти и од надвор.
- Ќе се овозможи поголема ефикансот во работењето на институциите, веднаш ќе се познаваат измените на текстовите, главиот автор на текстот ќе може веднаш да ги одобри или одобри верзирањата, а тоа ќе биде автоматско, бидејќи нема можност некој да ги деселектира, рече Ивановски.
Слично
