Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе се задолжи, а веќе утре ја чека раздолжување

Владата ќе се задолжи, а веќе утре ја чека раздолжување

За околу 5,6 милиони евра, новата власт ќе се задолжи на домашниот пазар. 

Оваа  сума е идентична со онаа која достасува за враќање на стари долгови, веќе следниот ден, в среда.

Се работи за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со каматна стапка од 3,80%. Заемот треба да се врати до 2032 година. Oвој заем, всушност е предвиден во календарот на задолжувања на старата власт.

Нивото на јавниот долг заклучно со првиот квартал од годинава е 46% од бруто домашниот производ или  4,74 милијарди евра, што споредбено со крајот на минатата година претставува зголемување од над 28 милиони евра.

Слично

Поврзани вести