Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе помогне со нафта за училиштата во Кичево, но градоначалникот ќе мора да положи сметки

Владата ќе помогне со нафта за училиштата во Кичево, но градоначалникот ќе мора да положи сметки
До петок треба да се реши проблемот со греење во кичевските училишта, во кои наставата се бојкотира затоа што родителите одбиваат да ги пратат децата во ладни училници. Според министерот за образование Абдилаќим Адеми, Кичево ќе добие нафта од стоковите резерви за да го помине кризниот период, но градоначалникот Фатмир Дехари ќе треба во иднина рационално да менаџира со парите кои ги добива за греење на училиштата преку блок дотациите. „Градоначалниците се тие кои мора да вршат контрола врз работата на училиштата и за тоа како се трошат овие пари, затоа што се под нивна надлежност“, вели Адеми. Бојкотот во кичевските училишта трае веќе петта недела, а Бирото за развој на образованието ќе мора да изготви програма за тоа како да се надоместат загубените часови. Во насока на подобрување на менаџментот во училиштата се и новите критериуми за избор на директори во училиштата. Покрај тоа што директорите ќе мора да се лиценцираат за директори на училишта исто така, новиот систем подразбира и директор на училиште да не може да биде именуван од колективот каде што работел.
Слично

Поврзани вести