Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ЌЕ ПОМАГА: Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје не смеат да останат без плата

ВЛАДАТА ЌЕ ПОМАГА: Вработените во МЖ Транспорт АД Скопје не смеат да останат без плата

Исходот од вчерашната владина седница донесе позитивна одлука во однос на претпријатието Македонски железници АД Скопје.

Имено, одлучено е сметките да не бидат блокирани а за таа цел Владата ќе помогне за вработените да не останат без плати поради направените големи долгови на ова претпријатие кон АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО и заканата од присилно извршување. 

Премиерот и министрите донесоа одлука да се препорача претпријатието преку одделни средби со двете компании заеднички да ја утврди целата состојба на должничко доверителските односи и да  се пристапи кон изнаоѓање спогодбено решение, како и за тоа веднаш да ја известат Владата. 

Исто така одлучено е да се препорача на АД МЕПСО да донесе одлука за повлекување на предлогот за присилно извршување на паричното побарување против МЖ Транспорт АД Скопје и за тоа МЕПСО веднаш да ја информира Владата.

Слично

Поврзани вести