Владата ќе одврзе ќесе за телевизиите, а тие со наши пари ќе ни го перат мозокот!
„Ова е страшно и значи државен интервенционизам во медиумите. Тоа е грешно однесување на власта и мешање во содржината. Токму ова е уште еден доказ дека власта не сака слободни медиуми. Па и самиот начин на кој се носи законот е доказ за тоа. Ќе бидат ли потоа телевизиите независни? Па ние и сега реагираме поради владините реклами, а сега власта оди понатаму и ќе дава уште пари, и тоа пари на граѓаните за приватни бизниси. Намерата е очигледна - уште повеќе да се засили контролата во медиумите. А тие пак со наши пари ќе ни го перат мозокот “, изјави за Фактор Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Опозицијата пак смета дека ова е начин како власта и медумите блиски до неа да си се раздолжат за взаемните услуги. Прашуваат каде постои друга држава во која Владата одлучува колку милиони евра ќе и се дадат на една приватна телевизија.
„Што е конфликт на интереси ако не е ова?! Еве на пример, телевизија Сител за изброната кампања на ВМРО ДПМНЕ и даде 9 милиони денари донација. Утре, кога овој закон ќе стапи во сила, Владата ќе смета дека телевизија Сител имала најдобри документарни емисии и тогаш, и тогаш нема да и даде 9 милиони денари, туку ќе одлучи на Сител да и даде 9 милиони евра. А кој ќе контролира, како ќе се одлучува кој колку пари ќе добие, кој ќе ја оценува програмата, е тоа никој не знае – изјави Радмила Шеќеринска од СДСМ.
Власта пак ваквата одредба ја правда со став дека поради новите обврски со кои на националните телевизии им се наметнува годишно да емитуваат најмалку 10 часа домашна докуметарна програма и уште 20 часа домашна играна програма, се создавале дополнителни трошоци и за да можат да ги исполнат тие обврски кои им се наметнуваат се врши субвенционирање на дел од трошоците со средства од Буџетот.
Владата не прифаќа амандман на опозицијата со кој се бараше: Парите што државните институции ги трошат за реклами во одредени медиуми, да мора да се поделат во сите медиуми
Власта одби да се донесе одредба со која парите што државата ќе ги троши за реклами - пропорционално да се делат на сите постоечки медиуми, а не само во оние во кои таа ќе одлучи. Ваквиот амандман на опозицијата што беше поднесен на предлог - Законот за аудио и аудиовизуелни дела, беше одбиен на вчерашната комисиска расправа во Собранието. Образложението на власта е дека амандманот на опозицијата не бил доволно прецизен.
На ваквата реакција опозицијата побара, доколку власта смета дека предлогот не е доволно прецизен тогаш да се допрецизира и да се донесе една таква одредба – сепак власта одби да го стори тоа и амандманот не се прифати. Со тоа што власате не сака да ги распредели парите што ги троши за реклами во ситемедиуми, само покажува дека таа сака да ги финансира само оние медиуми што и се блиски, реагираше опзоцијата и дека со ова паднале маските дека власат сака независни медиуми, но и дека дозволува слобода на говор.„Тоа вистина убаво звучи, но не го пишува тоа што го веалт дека го предлагаат. Јас затоа и го одбивам. Дополнително, кажуваат дека ќе има пропорционална распределба. Ајде Ве молам погледнете го амадманот што го напишале и кажете ми каде пишува пропорционална распределба “, реагираше од собраниската говорница на комиската расправа Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација
„Мислам дека не постои ревизорски извештај на било која институција, која не покажува огромни суми народни пари потрошени за рекламирање. И покрај тоа владата изминативе седум години упорно крие колку пари на годишно ниво се слеваат во медиумите на име - владини кампањи. Република Македонија го има својот Иво Санадер. Јас, се уште тврдам дека имаме основано сомнение, многу сериозно дека постои организиран криминал со начинот на кој се трошат парите за владините кампањи. При тоа сопствениците на медиумите се држат во подредена улога, а владата влијае врз уредувачката полтика на медиумите“, реагираше Емилијан Станковиќ од СДСМ.
Дополнително, опозициската СДСМ посебни критики упатени кон ДУИ, за која велат дека паднал митот дека ДУИ е партија која работи за евроинтергациите, бидејќи токму министерот Фатмир Бесими, во Европската Комисија не ги доставил податоци за тоа колку пари се потрошени за владини реклами, иако од него тоа се бараше.
На ова реагираше пратеникот Неџати Јакупи од ДУИ, кој им порача на СДСМ и ВМРО конечно да седнат да најдат заенички јазик за крупни прашања, потенцирајчи дека ДУИ има најмногу направенио за евроинтергациите. Но Јакупи, ниту збор не кажа за парите потрошени за владините реклами.„Тоа е еден мит дека ДУИ е за Европа, бидејќи гопосдинот Бесими се уште не одговор на Европската Комисија во име на Владата, не во име на Дуи, колку пари владата троши за реклами во медиумите во една година “, изјави Јани Макрадули од СДСМ.
Владата не прифати амандман на опозицијата со кој се бараше медиумите да не можат да бидат донатори во политичките партии Во истовреме кога власта носи закон со кој од Буџетот ќе им дава пари на националните телевизии, таа одбива да се донесе одредба со која ќе се забрани медиумите да бидат донатори на кампањите на политичките партии. Иако, опозицијата во Собранието поднесе амандман со кој се бараше, да се забрани медиумите да се јавуваат како донатори на политичките кампањи, власта не го прифати предлогот.„Токму под раководството на ДУИ, во секторот за евроинтерграции во двата мандати и на Теута Арифи и на Фатмир Бесими се даде најсилниот глас, онолку колку што можеше. После целиот отпор на европската заедница, за конечно да де датум за започнување на преговорите“, изјави Неџати Јакупи од ДУИ.
Министерот Иво Ивановски, кој е креатор на предлог -Законот за аудио и аудиовизуелни дела, на вчерашната комисиска расправа само кратко одговори дека го одбива предлогот на опозицијата, без да навлегува во дебата зошто се не се прифаќа. Законот за аудио и аудиовизуелни дела, како и законот за медиуми кој се уште не е поминат на комисиска расправа доправа ќе се најдат на пленарна седница. С.Н.„Со овој амандман предлагаме да се воведе нова глава која ќе гласи - забрана за донации на политички партии. Имено, предлагаме сите даватели на аудио и аудиовизулени услуги, радиодифузери, интернет и печатени медиуми, да не смеат да бидат донатори на политички партии, изјави Емилијан Станковиќ од СДСМ. На последните локални избори на владејачката партија, телевизија Сител и донирала - 9,8 милиони денари, Канал 5 донирале 8 милиони денари, Алфа - 4,7 милиони денари, а „МПМ“ донирале 15,4 милиони денари, потсети Станковиќ.
