Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе одговара на пратенички прашања

Владата ќе одговара на пратенички прашања
Во Собранието денеска треба да се одржи седница за пратенички прашања, на која парламентарците ќе поставуваат прашања на адреса на Владата. Според деловник ваквата седница се одржува секој последен четврток во месецот, освен доколку премиерот и министрите немаат некои неодложни обврски, во кој случај може да се помести за неколку дена. Пратенички прашања нема во првите 100 дена од работата на Владата. Ова е првата седница за пратенички прашања во новиот парламентарен состав. На седницата прашања ќе поставуваат главно пратеници од владејачкото мнозинство, со оглед на тоа што најголем дел од пратениците од опозицијата ја бојкотираат работата на Собранието. Секој од пратениците има право да постави три прашања адресирани до премиерот, некој од министрите или други носители на јавни функции одговорни пред Собранието за кои ќе најави дека има прашање.
Слично

Поврзани вести