Владата ќе ја врати евтината струја преку ден
Владата вчера усвоила информација за воведување евтина дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата.
Следниот чекор ќе биде подготвување владина препорака до Регулаторната комисија за енергетика веднаш да одржи работен состанок со претставници на „ЕВН Македонија“ – АД Скопје, Министерството за економија и на кабинетот на вицепремиерот, Кочо Анѓушев и во рок од седум дена да подготви анализа за повторно воведување на дневната евтина тарифа на електрична енергија за домаќинствата и за измена на тарифниот систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и на мали потрошувачи.
„Владата на РМ е убедена дека со оваа одлука ќе се направи голем чекор кон подобрување на економската состојба на граѓаните на Република Македонија, а истовремено ќе се поттикне домаќинско работење во јавните претпријатија“- стои во владиното соопштение.
Ова беше едно од предизборните ветувања на СДСМ.