Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе има критериуми по кои ќе се бира каде граѓаните можат да ја потрошат помошта од 6.000 денари

Владата ќе има критериуми по кои ќе се бира каде граѓаните можат да ја потрошат помошта од 6.000 денари

Изборот на економските оператори се врши врз основа на утврдени критиериуми преку „МСС кодови“ и не е слободен избор на Владата, информираат од Владата за дуќаните каде ќе можат граѓаните да ја потрошат помошта од 6.000 денари. 

„Согласно член 5 од предлог-на законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, по скратена постапка, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, објавува јавен повик за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги, според Листата на дејности утврдени со одлука од страна на Владата на Република Северна Македонија, согласно Националната класификација на дејности, односно Меѓународната категоризација на трговец по ИСО стандардизација (Merchant Category Code, скратено MCC). Барањето за упис во Листата на даватели на македонски производи и македонски услуги се поднесува во рок од пет дена од денот на објавата на јавниот повик“, соопштуваат од Владата. 

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ја објавува Листата на даватели на македонски производи и услуги на интернет страната.

Во Собранието стаса законот за финансиска поддршка на граѓаните – предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Слично

Поврзани вести