Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе го даде под концесија туристичкиот комплекс „Македонско село“

Владата ќе го даде под концесија туристичкиот комплекс „Македонско село“
Владата бара концесионер кој ќе управува и стопанисува со туристичкиот комплекс „Македонско село“, информира денеска владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. - Овој туристички концепт располага со 12 куќички кои симболизираат одреден регион во државата. Секоја куќичка има по две нивоа, горниот дел е наменет за угостителство, а долниот дел ќе биде наменет за занаетчиство. Во рамките на туристичкиот комплекс има меана и останати придружни содржини , како рибарници и можност за одгледување на одреден добиток - рече Ѓорѓиев. Тој ги повика сите заинтересирани компании до Министерството за економија да поднесат свој бизнис- концепт за овој туристички комплекс. Владата во текот на наредната недела, како што појасни портпаролот на Влада, ќе ги презентира можностите кои ги нуди овој туристички комплекс преку средби со претставниците од стопанските комори, експерти и угостители. Ѓорѓиев нагласи дека се очекува до јануари следната година кога ќе биде завршена изградбата да биде избран и концесионер и официјално да биде пуштен во употреба овој туристички комплекс. Целта е музејот на отворено „Македонско село“ да стане ексклузивна туристичка атракција поради што во соработка со заинтересираните субјекти ќе се конципираат целосно моделите и можностите за издавање под концесија.  
Слично

Поврзани вести