Владата ќе ги раскинува договорите за закуп со две турски инвестиции во Бунарџик?
Владата на синоќешната седница ја разгледала информацијата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за потребата од раскинување на договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во Бунарџик со Џемдаг Лајтинг Еуропа и Доган Отомотив.
Станува збор за две турски инвестиции со кои беше постигнат договор за долготраен закуп на земјиште под поволни услови во скопската технолошко-индустриска развојна зона во 2018 но до сега не се реализирани.
„Доган Отомотив“ е компанија која произведува резервни делови за автомобилската индустрија“, додека Џемдаг Лајтинг Еуропа произведува светилки за улично осветлување, рефлектори, големи системи за осветлување, производи за индустриско и осветлување на деловен простор и системи за домашно осветлување.
Пред еден месец Владата за краток период раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.- прво со фармацевтската компанија Саген, а потоа и со Кеслер, компанијата за електромотори.
