Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе дава од 40 до 200 илјади евра за компаниите што ќе влезат во инвестиција за време на кризата

Владата ќе дава од 40 до 200 илјади евра за компаниите што ќе влезат во инвестиција за време на кризата

Се предлага продолжување на мерката 14.500 денари помош за компаниите за исплата на плата, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Вели дека тоа е со цел да им се помогне на фирмите.

Бектеши информираше и дека Владата усвои нова уредба за зајакнување на конкуренртноста, од 20 милиони евра, наменети за сите компании од приватниот сектор.

Целта е да се помогнат домашните компании кои ќе ги изгубат пазарите, за повторно да ги освојат, и зголемување на конкурентноста. Помошта е за фирмите што ќе почнат инвестициски проект, и тоа од март, но и во постковид периодот од јули до декември оваа година. 

Помош ќе добијат сите компании кои 2020 имаат инвестициски проект, или ќе изготват и ќе реализираат таков проект во 2020 или 2021 година. Ќе ги опфаќа сите коимпании кои работат во производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност. 

Се овозможува и на ИТ компаниите да добијат поддршка, доколку нивните инвестиции опфаќаат нова инвестициона единица, или хардверско решение. 

„Поддршката е 25 отсто од вредноста на инвестицијата според инвестициски план, но не повеќе од 40 илјади евра, за компании кои во 2019 оствариле вкупен приход не повисок еден милион евра, до 100 илјади евра за компании со приход од еден до 10 милиони евра, до 140 илјади евра за фирми со приход од 10 до 50 милиони евра, и до 200 илјади евра и за сите компании со приход над 50 милиони евра“, рече Бектеши.

Компанијата што ќе добие поддршка има обврска до крајот на 2021 година да достави докази дека ја реализирала инвестицијата. 

Средтвата ќе се дадат кога ќе се достави инвестицискиот план. 

Сите кои ќе аплицираат до 31 јули годинава, согласно огласот што ќе се објави оваа недела, треба да се достават инвестицискиот план, биланс на успех и други документи, а за процедурата да биде поедноставна, нема да оди преку банкарска гаранција, туку ќе се достави само менуца.

Јавниот оглас ќе се објави до петок, аплицирање е до 31 јули.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести