Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе даде половина милион евра за телефонија: За функционерите и луксузни мобилни

Владата ќе даде половина милион евра за телефонија: За функционерите и луксузни мобилни

Владината служба за општи и заеднички работи објави тендер за набавка на услуги од мобилна и фиксна телефонија, вреден 33 милиони денари  или над половина милион евра без пресметан ДДВ. 

Договорот кој службата при Владата ќе треба да го склучи со некој од телекомуникациските оператори ќе биде на две години. Тендерот е поделен на два дела, објави телевизијата Алсат М. Во првиот дел се бара услуга за мобилна телефонија вредна 20 милиони денари, а во вториот за фиксната телефонија во вкупна вредност од 13 милиони денари. 

Еден од критериумите за доделување на договорот е најниска цена, а според тендерската документација, ќе се користи електронска аукција. Според спецификацијата на објавениот тендер во делот за мобилна телефонија е наведено дека ќе има пет модели на претплата на корисничките броеви или 0, 300, 800, 1.500 и 3.000 денари без вклучен ДДВ. Поголемиот месечен надомест овозможува повеќе бенфициии. За најсакапата претплата на која најверојатно ќе бидат највисоките функционери има и највисока субвенција од 45 илјади денари за избор на луксузен мобилен апарат.



Слично

Поврзани вести