Владата ќе бара инвеститор за поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“
Јавен повик за изнаоѓање на стратешки инвеститор, кој ќе го купи земјиштето кај поранешната фабрика за сапун „Цветан Димов“ во општина Кисела Вода, планира да распише владата до крајот на месецов, најави денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. На таа локација, како што посочи, треба да се изгради современ објект.
- До крајот на овој месец ќе има јавна објава за продажба на градежно неизградено земјиште, со која ќе се овозможи на идниот стратешки инвеститор да го купи земјиштето и да изгради современ објект, изјави министерот Јанакиески.
Слично
