Владата ќе се задолжи со 59,2 милиони евра
Владата утре планира да се задолжи со 59,2 милиони евра.
Парите ќе ги обезбеди од домашните кредитори преку аукции на шест месечни и дванеесет месечни записи, но и една 10 годишна обврзница. Владата задутре ќе треба да врати скоро иста сума на пари или 59,3 милиони евра по основ на доспеани долгови.
Заклучно со првиот квартал од 2016 година, јавниот долг на земјата изнесува 4,3 милијарди евра или 45 % од бруто домашниот производ.
На последната аукција на хартии од вредност, Владата од банките, осигурителните компании и од пензиските друштва позајми 10 милиони евра или двојно повеќе од планираното.
Слично
