Владата ќе се задолжи 3,2 милиони евра кај домашните кредитори
Владата планира утре да се задолжи кај домашните кредитори со 3,2 милиони евра.
Од Министреството за финансии засега нема информација за што ќе се користат овие пари.
Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов, нагласи дека учесниците на домашниот пазар треба да имаат во предвид дека ниту една одлука донесена од министерот за финансии, Зоран Ставрески, не му е доставена на дополнителниот заменик-министер за согласност и потпис.
Во Управниот суд во тек е постапка по тужбата поднесена од Наумов, а во врска со задолжувањата на домашниот пазар.
Слично
