Владата ќе позајми нови 5,4 милиони евра
Министерството за финансии денеска организира нова аукција на државни хартии од вредност, на која од домашните кредитори ќе побара заем од 5,4 милиони евра.
Ќе бидат понудени тримесечни и дванаесетмесечни записи и обврзници со рок на враќање од 10 и 15 години.
За враќање утре доспева долг од 5,4 милиони евра.
Во втората половина од годината Владата планира да одржи вкупно 24 аукции.
Заклучно со првиот квартал од годинава, јавниот долг на земјата изнесува 4,3 милијарди евра или 45% од домашниот бруто производ.
Надворешниот долг на Македонија за три месеци се зголеми за 353 милиони евра. Заклучно со март годинава надворешниот долг на државата изнесува 6,7 милијарди евра или 70,1 %од бруто домашниот производ.
Слично
