Владата ќе потроши милионче за нова аудио и видео техника
Еден милион и 46 илјади евра ќе потроши за нова аудио и видео техника со која ќе го опремува прес центарот и салата за состаноци.
Како што пренесува 24 вести, според договорот објавен од Бирото за јавни набавки во цената е вклучена набавката, монтажата и ставањето во функција на опремата.
Тендерот го доби „Македонски Телеком“ во отворена постапка, како што стои во известувањето, а критериум за доделување било најниската понудена цена а кционерското друштво има рок од еден месец да ја инсталира опремата.
Слично
