Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе потроши 39 милиони евра за развој на руралните средини

Владата ќе потроши 39 милиони евра за развој на руралните средини

За заживување на руралните средини и унапредување на животните услови во малите населени места, од буџетот ќе се издвојат 39 милиони евра, најави премиерот Никола Груевски.

Програмата за рурален развој, како што посочи, била една од поважните во рамки на програмата на Владата, а биле предвидени 221 проекти во 81 општина.

Предвидено било да се направат патишта помеѓу локален пат, некој поголем пат, патишта внатре во села, различни пристапни патишта, водоводи, канализациски мрежи, паркови, плоштади во помали гратчиња итн.

Премиерот вети дека оваа програма ќе се реализира за максимум две години.

Слично

Поврзани вести