Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе потроши 38 милиони денари за бања за пензионерите

Владата ќе потроши 38 милиони денари за бања за пензионерите
За проектот „Бесплатна бањско-климатска рекреација“, Владата ќе потроши 38 милиони денари. Од оваа сума, 35 милиони денари се за покривање на шест полни пансиони, бањско-климатска рекреација, соодветни здравствени прегледи и околу 3 милони денари за плаќање на трошоците за превоз на корисниците. Годинава  5.500 пензионери ќе одат на бања на државен трошок. „Проектот продолжува и понатаму да се реализира. Очекуваме бројот да се исполни до мај годинава, на смени кои се однапред определени и за кои корисниците на пензија се информирани. Оние кои нема да ја искористат оваа услуга, проектот продолжува со реализација од септември“-кажа заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов при посета на Катлановска бања. Пензионерите ќе престојуваат во Катлановска бања, Дебарски бањи, Негорски бањи и Бања Банско. Проектот „Бесплатна бањско-климатска рекреација“  го подобрува  здравјето на пензионерите, нивната виталност и социјализација.
Слично

Поврзани вести