Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ќе ги оданочува стопанствениците кои нема да ја реинвестираат добивката

Владата ќе ги оданочува стопанствениците кои нема да ја реинвестираат добивката
Стопанствениците повторно ќе мора да плаќаат данок на добивката која нема да биде разделена по основ на дивиденда. Ваквата обврска Владата ја укина во 2009 година кога како антикризна мерка ги донесе измените со кои се предвидуваше ослободување од овие давачки со цел да им се помогне на стопанствениците полесно да ја пребродат светската економска криза. Со укинувањето на оваа антикризна мерка сите фирми кои оствариле профит во 2014 година ќе омаат обврска да платат данок на добивка чија висина изнесува 10 отсто. Според првиот човек за финансии, министерот Зоран Саврески, во разговор со стопанствениците бил донесен заклучок дека веќе се исцрпени сите можности за пролонгирање на укинувањето на оваа мерка. Од плаќае на овој данок ќе бидат ослободени само фирмите кои средствата од добивката ќе ги искористат за реинвестирање. „И понатаму во РМ фирмите што сакаат да реинвестираат ќе имаат можност да не плаќаат данок на добивка, а тоа во Европа го имаме само ние и Естонија, што значи и натаму Македонија е земја со најповолен даночен систем во тој дел“, изјави министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Слично

Поврзани вести